Акционерското друштво за приредување игри на среќа и забавни игри Лотарија на Македонија Скопје е основано со Закон за основање на организација за приредување игри на среќа, донесен на Собранието на Република Македонија на 28.Декември1972 година. Лотарија на Македонија ја започна својата работа со 19 вработени, со изнајмени простории и со неколку свои локали.
Лотарија на Македонија до Мај 1992 година т.е. се до монетарното осамостојување на Република Македонија беше здружена во Заедница на Лотариските организации на Југославија, која ја сочинуваа: Лотарија на Србија, Лотарија на Хрватска, Лотарија на Македонија, Лотарија на Словенија, Лотарија на Црна Гора, Лотарија на Босна и Херцеговина, Лотарија на Косово и Лотарија на Војводина.
Постоеше единствено Југолотарија која ја организираше и координираше активноста на лотариските организации главно на заедничките игри на среќа. Од почетокот на Мај 1992 година Лотарија на Македонија делуваше како Претпријатие кое исклучиво во сопствена организација и со сопствени средства ги приредува и оние игри кои порано се приредуваа на ниво на асоцијација на југословенските лотарии, и постојано внесуваше новини и иновации и го прошируваше асортиманот на игрите на среќа.Таа прерасна во своевиден гигант со преку 200 продажни места, од кои половината сопствени продажни објекти.
Во 1993 Лотарија на Македонија се наоЃа на 2-ро место на ранг- листата на 100-те најуспешни претпријатија во стопанството на Република Македонија, а во 1994 година Лотарија на Македонија се најде на 6-тото место од науспешните 100 компании во Република Македонија, а според нето добивката во однос на вкупниот приход на 5-тото место.
Во 1995 година Лотарија на Македонија АД Скопје е организирана како Акционерско друштво во мешовита сопственост.
Во 1997 година донесен е нов Закон за игрите на среќа, според кој требаше Лотарија на Македонија АД Скопје да изврши трансформација на општествениот капитал. Трансформацијата е извршена во 1998 година, и извршен е упис во Трговскиот регистар.
Во 2001 година настана промена во структурата на капиталот во Лотарија на Македонија при што доминантен сопственик на капиталот стана Фершпед АД Скопје. Во 2003 година Лотарија на Макдонија АД Скопје започна со приредување на игрите на среќа преку ОН-ЛИНЕ систем.
Од првичните лозови, кои беа единствен асортиман, Лотарија на Македонија АД Скопје постепено го зголемуваше својот асортиман на игрите на среќа, за да покрај традиционалното Лото и Спортска прогноза, понуди разни видови инстант лотарии, Томбола ТВ Бинго, Томбола ТВ Томболино, Спортски обложувалници, Бетинг, игри на Автомати за игри на среќа и Играчница(Казино). Иако бевме еден од приредувачите на игри на среќа со најдолга традиција, со основна дејност приредување игри на среќа, во моментов, од целиот асортиман на игрите на среќа кои ги приредуваше, Лотарија на Македонија АД Скопје, остана само со приредување на посебната игра на среќа игри на автомати за игри на среќа кои се приредуваат во Автомат клубови, и тоа само во 6(шест), за кои има Лиценца.
Нашата визија да останеме најдобра компанија во областа на приредувањето на игрите на среќа во државата, со постојани иновации во игрите на среќа, модернизација и инвестиции во знаење, опрема и технологија во работата, не можевме да ја реализираме, бидејки, освен игрите на среќа игри на автомати за игри на среќа, останатите игри на среќа, Лото 7/37(он-лине) ТВ Томбола Наше Бинго, Инстант лотарии, Обложување на спортски натпревари, Бетинг, Играчница(Казино), Лотарија на Македонија АД Скопје, неможе да ги приредува, од причина што надлежните органи не и доделија Лиценци.
Управувањето со Лотарија на Македонија А Д Скопје се врши преку едностепен систем со Одбор на директори. Одборот на директори брои 5(пет) члена од кои еден е Извршен член, кој го носи називот Генерален извршен директор.
Лотарија на Македонија АД Скопје е членка на ЊЛА(Светска асоцијација на лотарии) и ЕЛ (асоцијација на европски лотарии). Лотарија на Македонија АД Скопје е потписник на Глобал Цомпацт.
Принципите на Глобал Цомпацт, кои се дел од наШето работење и наШите напори, да придонесеме кон создавање на повисоко ниво на опШтествена одговорност на сите бизниси во Македонија, добиваат поголемо значење и димензија со наШето пристапување како членка на Глобал Цомпацт.Акционерите, нашиот Менаџмент и сите вработени запознаени се со нашите активности, и даваат целосна подршка на сите активности и иницијативи на Глобал Цомпацт., бидејки се свесни дека само доколку се дејствува здружено во мрежата , и секоја единка се труди да осигура почитување и имплементација на Десетте принципи на Глобалниот договор, не само во своето работење, туку и во рамките на работењето на своите деловни партнери Ќе можат да придонесат кон општествена и социјална благосостојба и здрава животна средина.
Copyright © 2011 - All Rights Reserved - http://lotarija.com.mk/